АБУЛАФИЈА, Јаков

АБУЛАФИЈА, Јаков (ⅩⅤⅠⅠ в.) – рабин во Скопје. Служел во скопската синагога „Бет Јаков” (1680) во исто време со рабинот Јицхак Јихја. Поседувале дел од списите на шабтаистот пророкот Натан од Газа, кој при своето пропатување низ Македонија одненадеж умрел во Скопје, каде што бил погребан. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.