АБРАШЕВИЌ МАшКИ ХОР, БИТОЛА

АБРАШЕВИЌ – МАшКИ ХОР, БИТОЛА (1933–1940) – основан во Битола (1933) од Здружените работнички синдикати на Кралството Југославија. Неговата цел била здружување на работничката класа за борба против тогашниот капиталистички режим. Прв диригент на овој хор била Калипсо Налча, дипломиран пијанист на Музичката академија во Атина. Во почетокот хорот броел 30 пена хористите се зголемил до 120, кога негов диригент станал Велко Петровски-Паскали. Репертоарот му бил составен од тогаш популарните масовни и револуционерни песни („Марселеза”, „Интернационала”, „Буди се исток и запад”, „Билеќанка” и др.). Ј. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.