АБРАВАНЕЛ, Хаим

АБРАВАНЕЛ, Хаим (Пирот, Србија 25. Ⅻ 1896 – Израел, 1986) – спец. интернист, Евреин. Мед. фак. завршил во 1926 г. Специјализирал интерна медицина, а потоа работел приватно, како интернист во Скопје. Во 1945 г. бил упатен на работа во Интерното одделение на Битолската болница, со кое раководел (како началник и примариус) до пензионирањето (1964), кога емигрирал во Израел. П. Б. Коста Абрашевиќ

2019-01-05T18:11:31+01:00 0 коментари