АБДУРАХМАН-ПАшА

АБДУРАХМАН-ПАшА (втора половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Цариград, 1843) – османлиски феудалец од албанско потекло што го управувал Тетовскиот пашалак. Бил син на Реџеп-паша Тетовски и Милјана од Гнилане. Заедно со браќата, управувал и со пошироката об-ласт од Призрен до Штип. За лична заштита ја доградил тврдината на ридот Бал-Тепе над Тетово (1843). Поради учеството во албанското бунтовничко движење, бил повикан на одговорност во престолнината и погубен заедно со двајцата браќа. ЛИТ.: Г. Тосков, Тетовските паши, „Сборник на народни умотворениџ, наука и книжнина”, XI, Софиџ, 1894; Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, том Ⅳ. Буни и востанија, „Мисла”, Скопје, 1983. С. Мл.

2019-01-05T18:11:31+01:00 0 коментари