АБАЏИЕВА ДИМИТРОВА, Соња

АБАЏИЕВА – ДИМИТРОВА, Соња (Софија, 20. Ⅴ 1941) – историчарка на уметноста, значајна за истражувањето и афирмацијата на македонската ликовна уметност и на меѓународен план. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1965). Била кустос и директор на Музејот на современата уметност, Скопје. Автор е на 15 монографии, на повеќе од 300 изложби (Антологија на македонската ликовна уметност 1984– 1994, Биенале во Венеција, Зрачења) и на книги (Длабоко дишење, 2002; Идеја-тека, 2003; Континуитет, 2004). Таа е основач и уредник на сп. „Големото стакло”. Објавува критики и теориски написи што се одликуваат со суштински одредници за современата ликовна уметност, со акцент врз значенските и аксиолошките функции на уметничките појави. М. Б.-П. k

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.