ЦРВЕНА ЛИСТА НА ГАБИ

ЦРВЕНА ЛИСТА НА ГАБИ – опфаќа 76 видови ретки и загрозени макромицети во РМ. Составена е од проф. д-р Митко Караделев од Институтот за биологија при ПМФ во Скопје и публикувана во домашни и во меѓународни списанија во 2000 г. Како критериуми за категоризација на загрозеноста на видовите се земени следниве фактори: (1) посебно редок или редок вид во Македонија; (2) вид што егзистира само на загрозени или ретки живеалишта и (3) посебно редок или редок вид загрозен поради преголема експлоатација. Листата е отворен работен документ и постојано се менува. М. К. ЦРВЕНИ БРЕГОВИ, КРЊЕВО