ХЕТАЈРИ

ХЕТАЈРИ (хетаирои) – стара македонска институција, најблиски соработници на кралот, негови придружници во мир, војна и лов. Полагале заклетва дека ќе имаат исти пријатели и непријатели како кралот. Од времето на Филип Ⅱ Македонски, меѓу нив биле вклучувани и туѓинци, а припадноста можела да биде и почесна (пр.: трагедиографот Еврипид). Во време на походот на Александар Ⅲ Македонски го сочинувале јадрото на македонската војска, а подоцна ова име било пренесено на целата коњица. ИЗВ.: Љ. Цурти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.