УРУМОВ, Виктор (Белград, 9. И 1946) – физичар, ред. проф. (1989) на ПМФ. Дипломирал (1969) на Московскиот државен универзутет. Магистрирал (1971) и докторирал (1973) на Универзитетот во Манчестер со тема за статистичката механика на полиелектролитните раствори. Објавувал трудови за точно решивите Изингови модели, универзалните константи кај еднодимензионалните пресликувања, образованието по физика и нејзината популаризација. Држел настава (главно од теориската физика и применетата математика) на универзитетите во Скопје, Битола, Приштина, Гејнсвил (Флорида), Си-ди-бел-Абес и Оран во Алжир. Објавил учебник „Математичка физика“. Освоил прва, односно втора награда на југословенскиот натпревар по математика и на Меѓународната олимпијада по математика (1964). Бил декан на Факултетот за физика (1983–1985). Тој е член на Извршниот комитет на Европското друштво на физичари (2006). ЛИТ.: Природно-математички факултет –Скопје 1946–1996, Скопје, 1996, 173; 60 години Природно-математички факултет –Скопје, Скопје, 2006, стр. 184. Бл. П.