ТОФОВИЌ-ЌАМИЛОВА, Марија Петрова

ТОФОВИЌ-ЌАМИЛОВА, Марија Петрова (Загреб, 28. Ⅶ 1953) – педагог, методичар, универзитетски професор. Завршила гимназија и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1976). На истиот факултет магистрирала (1983) и докторирала (1989). Во 1978 г. е избрана за помлад асистент, а во 2000 г. за редовен професор на Филозофскиот факултет по предметот Методика. Се занимава со прашања од областа на методиката на одделенската настава. Автор е на поголем број трудови и неколку учебници за почетна настава. Марија Тофовиќќамилова БИБ.: Уметничката литература и педагошките чувства, 1995; Книжевни ликови и проблеми, 1996; Буква по буква азбука, 1998; Почнуваме да читаме, 1998; Буквар за возрасни, 2002 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 296. К. Камб. Глигор Тофоски ТОФОСКИ, Глигор Јованов