САМУИЛ, Алусијан (Ⅺ в.) – син на Алусијан, внук на царот Јован Влаво византиска служба. Во времето на царот Роман Ⅳ Диоген (1068–1071) заземал висока воена должност во темата Армениакон. Учествувал во походот на императорот против Селџуците (1068), се истакнал во смирувањето на бунтот на Криспин (1069), добил чин проедар и бил назначен за дукс на темата Армениакон, т.е. командант на пет западни тагми и на наемните војски во темата. Зачуван е печат со неговото име. По симнувањето од престолот на Роман Ⅳ (1071) и тој бил отстранет од оваа должност. ЛИТ.: В. Златарски, МоливдовулÍ на Самуила АлусианÍ, „Известия на Археол. институт“, И, 1922. К. Аџ. САМУИЛОВОТО ЦАРСТВО