РАМИЌЕВИЌ, Исмет

РАМИЌЕВИЌ, Исмет (Дубница, Србија, 2. Ⅶ 1960) – скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1984). Самостојно излагал во Скопје, Сараево, Мостар. Работел скулптури во метал, камен и дрво. Од средината на деведесеттите години работи инсталации и амбиенти во кои употребува ефемерни и секојдневни материјали, главно весници свиткани во ролни (Лавиринт 3, 1998). Л. Н. РАМКОВЕН ДОГОВОР ВО Република МакедонијаОД 13. Ⅷ 2001 г. – договор за трансформирање на Република Македонијаод држава нација-демос во мултиетничка држава. Договорот е потпишан во Скопје од: Борис Трајковски, претседател на РМ, Љубчо Георгиевски, претседател на Владата на Република Македонијаи лидер на ВМРО– ДПМНЕ, Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ, Арбен Џафери, лидер на ДПА и Имер Имери, лидер на ПДП. Меѓународни гаранти се Џејмс Пердју, претставник на САД, и Франсоа Леотар, претставник на ЕУ. Договорот содржи: основни принципи; прекин на непријателствата; развој на децентрализираната власт во Македонија; недискриминација и правична застапеност на припадни-Околискиот комитет на СКМ во Потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид (13. Ⅷ 2001) ците на малцинските заедници во државните органи и јавниот живот; посебни собраниски процедури за заштита на правата на малцинските заедници во образованието и во употребата на јазиците, како и во изразувањето на етничкиот идентитет; уставни амандмани; измена во законодавството и начин на градење на довербата меѓу етничките заедници. Договорот ги гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, како и унитарниот карактер на македонската држава, со забрана на решавање на етничките прашања врз територијална основа. Договорот содржи и елементи на мултиетничка или плуринационална држава: соодветна застапеност на припадниците на малцинските заедници во државните органи и во јавниот живот и воведување на собраниски процедури за донесување закони со двојно мнозинство гласови. ИЗВ.: Фрамењорк Агреемент (Цонцлудед ат Охрид, Мацедониа, Согнед ат Скопје, Мацедониа он 13 Аугуст, 2001). ЛИТ.: Светомир Скариц, Мацедониа – А мултиетхниц анд цорпоративе Стате (Тхе Охрид фраме-тх њорк агреемент оф 13 аугуст 2001 (Ла реинвентион де л’Етат), Бруџеллес, 2003; Де л’Етат – демос à л’Етат Плуриетниљуе ет вице верса: ле цас Мацедониен (Мелангес оффертс à Слободан Милациц), Бордеауџ Ⅳ, Бордеауџ, 2007. Св. ш. Велија Рамковски