ПЕРИШИЌ, Ино

ПЕРИШИЌ, Ино (Дубровник, 22. Ⅷ 1920 – Загреб, 1989) – диригент и композитор. Студирал музика во Загреб. Диригентската ка-Ино Перишиќ риера ја започнал 1943 г. во Осиек. Работел како диригент во оперските театри во Загреб (1950 –1955 и 1965–1967), Марибор (1955 –1956), Риека (1967–1974) и Скопје. Во Операта на МНТ работи од 1956 до 1964 г. На сцената на МНТ поставил и диригирал околу 15 опери меѓу кои: Аида, Тоска, Самсон и Далила, Дон Карлос, Отело, Травијата и балети: Лебедово езеро, Ромео и Јулија, Велеградски варијации и др. Ф. М.