ПЕПЕРУГИ, ДНЕВНИ

ПЕПЕРУГИ, ДНЕВНИ (Хеспериоидеа и Папилионоидеа) – инсекти со два пара, скоро, еднакво големи крилја. Живо се обоени; имаат тенки, стапчести и на крајот задебелени антени; тенко тело и вертикално склопени крилја кога мируваат. Активни се пре-Дневна пеперуга ку ден. Во Македонија се познати 201 вид дневни пеперуги, подредени во две натфамилии Хеспериоидеа и Папилионоидеа, во кои има 8 фамилии: дебелоглави пеперуги (Хеспериидае) застапени со 25 видови; ластовичарки (Папилионидае), има 7 видови, од кои 5 таксони се ендемични; бели пеперуги (Пиеридае) 24 видови, од кои 3 таксони се ендемични; сини и бакарни пеперуги (Лѕцаенидае), застапени со 56 видови, од кои 2 таксона се ендемични; шарени пеперуги (Нѕмпхалидае), има 39 видови, од кои 2 таксона се ендемични; пеперуги чурулкари (Лѕбитхеидае), застапени се со 1 вид; пулејкасти пеперуги (Риодинидае) се претставени со 1 вид и окати пеперуги (Сатѕридае) се застапени со 48 видови, од кои 9 таксони се ендемични. ЛИТ.: Јосеф Тхурнер, Дие Лепидоптеренфауна Југослањисх Мазедониенс. И. Рхопалоцера, Грѕпоцера унд Ноцтуидае, Посебно издание, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Паул Сцхеидер – Предраг Јаксиц, Дие Тагфалтер вон Југослањисцх Мазедониен Дурина (Рхопалоцера унд Хеспериидае), Мüнцхен, 1990; Владимир Крпац Бранислава Михајлова, Гонептерѕџ цлеопатра (Линнаеус 1767), А нењ специес оф тхе буттерфлѕ фауна ин Мацедониа (Лепидоптера: Пиеридае), Ацта Ентомологица Словеница, Лјублјана, 1997, 5(2): 113– 116; Владимир Крпац анд Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30; Група ав-тори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.