ОРУШЕВ, Трајко Киров (Штип, 31. И 1924 – Охрид, 29. Ⅴ 1995) – интернист, редовен проф. на Мед. ф. (од 1985). Медицински студии завршил во Белград (1951), а специјализација по интерна медицина во Скопје (1957). Одбранил хабилитација (1971) и потоа докторска дисертација (1979) на Мед. ф. во Скопје. Основал Служба за медицина на трудот (1961) при Рудници и Железарница–Скопје, која прераснала во Институт за медицина на трудот, каде што бил директор до 1972 г. Објавил над 100 стручни и научни трудови и скрипта „Медицина на трудот“ за студентите по медицина. БИБ.: Гасови – Плинови (Хлор, Фозген, Сумпордиоксид, Амонјак), во: Д. Станковиќ, Медицинска кнјига, Београд–Загреб, 1986, 296–299; Индустрија синтетских влакана, во: Д. Станковиќ, Медицинска кнјига, Београд–Загреб, 1986, 827–828; Медицина на трудот (скрипта), Скопје, 1986. Д. Д. Настап на ансамблот „Орце Николов“ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“, АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА