МУХАЏИРИ ВО МАКЕДОНИЈА

МУХАЏИРИ ВО МАКЕДОНИЈА (ⅩⅠⅩ в.) – муслимани-бегалци (Турци, Албанци, Черкези, Бошњаци, Татари) што ги напуштале подрачјата што ги загубила Османлиската Империја на Балканскиот Полуостров во времето на Источната криза (1875-1881), чиј број изнесувал околу 50.000 – 60.000 семејства. Тие пристигнале и во Македонија, населувајќи се на нејзината територија, или само поминувајќи низ неа на патот кон Мала Азија. Биле населувани во околината на поголемите градови и во некои од нив (на пр., во Скопје) с“ уште има остатоци од ваквите мухаџирски маала, кое народот ги нарекува маџир-маала. ЛИТ.: М. Пандевска, Присилни миграции во Македонија (1875-1881), Скопје 1993; – истата, Доселувањето на босанските мухаџири во Македонија во годините на Големата Источна криза (1875-1885), з. Бошњаците на Балканот, Скопје, 2003; Реџеп шкриејљ, Мухаџирската криза и населување на Бошњаците во Македонија (1875-1881), Скопје, 2006. Др. Ѓ. Ферид Мухиќ