МИХАИЛОВ, Владимир

МИХАИЛОВ, Владимир (Бел-град, 27. Ⅳ 1939) – градежен инженер од областа на инженерската сеизмологија. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1963). Магистрирал во ИЗИИС, Скопје (1967), а докторирал на ПМФ во Загреб (1978), како прв доктор по сеизмологија од Македонија. Редовен проф. и познат научник од областа на инженерската сеизмологија. Автор е на преку 500 научни и стручни трудови, публиковани во земјата и во странство. Учествувал на голем број научни собири. Бил претседател на Заедницата за сеизмологија на СФРЈ и член на претседателствата на повеќе интернационални асоцијации. Бил член на Сенатот на УКИМ. Носител е на повеќе државни и научни признанија и награди. К. Тал. Гордана МихаиловаБошнакоска