МИКРОФЛОРА НА РЕЧНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА

МИКРОФЛОРА НА РЕЧНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА. Речните екосистеми во Македонија се под најразличен антропоген притисок, од што следува различно ниво на трофичност и сапробност и различна, многу варијабилна микрофлора. Дијатомеите се една од најраспространетите, но и еколошки најзначајни групи алги. ВардарДел од микрофлората на речните екосистеми скиот слив е далеку поистражуван и попознат од јадранскиот (реките Радика и Црн Дрим) и егејскиот (реката Струмица). Течејќи од Вруток кон Гевгелија, за реката Вардар е карактеристично растењето на нивото, на трофичност и сапробност што е особено изразено во градовите и местата блиски до индустриски центри. Флората во почетокот е олиготрофна и олигосапробна (Диатома хѕемалис, Д. месодон), карактеристична за реки со брз тек и со добра аерација. Понатаму квалитетот на водата варира меѓу мезосапробна и полисапробна, односно мезо и еутрофна со најголема застаеност на Навицула сенсу лато, Енцѕонема минутум, Нитзсхиа спп, како индикатори за ваков тип води. Сличен тренд се забележува и за другите реки од вардарскиот слив за кои постојат податоци, при што микрофлората е типична за слични екосистеми во Европа. За реките Радика, Црн Дрим и Струмица како и да не постојат податоци за структурата и за застапеноста на алгалната микрофлора. Св. К. Иван Микулчиќ