МЕРВИН, Вилијам С

МЕРВИН, Вилијам С. (Њујорк, 7. Ⅱ 1927) – американски поет и преведувач на поезија (од француски, шпански, португалски и италијански). Првата стихозбирка под наслов Маска за Јанус ја објавил во 1952 г. Потоа следуваат стихозбирките Мечки што играат (1954), Пијан во печка (1960), Вошки (1967), Носач на скали (1970, Пулицерова награда која ја одбил), Компас-цвет (1977). Неговите песни, претежно наративни, во комбинација со митолошки матрици врз кои се базираат, постигнуваат необична надреална атмосфера. Добитник на Златниот венец на СВП во 2005 г. ЛИТ.: З. Анчевски: Портрет без рамка, „Поезија“, СВП, Струга, 2005. П. Гил.