МАКЕДОНСКИ ПОЛК ВО УКРАИНА

МАКЕДОНСКИ ПОЛК ВО УКРАИНА (10. Ⅴ 1759 – 28. Ⅵ 1773) – полк во Руската армија во Украина. Бил формиран од мајорот Симеон Пишчевиќ, по наредба на руската царица Елисавета Петровна. Официјалното именување на полкот било „МакедонскиŸ гусарскиŸ полевиŸ полкÍ“, под команда на генералот Иван Хорват. Подоцна командант на полкот станал Александар Димитров. Полкот бил составен од околу 4.000 луѓе, располагал со свој печат, со посебна униформа (палто и панталони жолти, прошарани со црни гајтани, црвена капа), со македонски две вкрстени копја. До 1776 г. полкот имал грб со амблем на лав, земен од Стематографијата на Х. Жефарович. Полкот и четите имале и посебни знамиња. Во 1773 г. со указ биле укинати народносните имиња на полковите и биле преименувани според градовите. Македонскиот полк бил именуван како Александриски полк. Полкот бил пофалуван и наградуван од цариците Елисавета Петровна и Екатерина Ⅱ. Неколку офицери од македонскиот полк добиле генералски чинови во руската армија. ЛИТ.: Александар Матковски, Македонскиот полк во Украина, Скопје, 1985. В. Ст.