МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА (МПЦ). Свештеничкиот собор во Издеглавје (21. Ⅹ 1943) усвоил Резолуција за возобновување на Охридската архиепископија како МПЦ. Одлука за тоа донесол и Првиот црковнонароден собор во Скопје (4. Ⅲ 1945). Возобновувањето на Охридската архиепископија и прогласувањето на МПЦ било извршено со Одлука на Вториот црковно-народен собор во Охрид (4–6. Ⅸ 1958). Српската православна црква ја признала самостојноста на МПЦ со Соборска одлука од 1959 г. На Третиот архиепископски црковнонароден собор во Охрид (17-18. Ⅶ 1967) била донесена Одлука за прогласување и била прогласена автокефалноста на возобновената Охридска архиепископија во лицето на МПЦ, која е православна автокефална сестринска црква на единствената, света, соборна и апостолска Црква. Ги применува догмите, каноните и единството на богослужбата со Источната вселенска православна црква. Самостојно ги уредува и управува црковните дејности. Има достоинство во ранг на Архиепископија, со поглавар Архиепископ и со титула Архиепископ Охридски и Македонски, кој се ословува со „Ваше Блаженство“. Службен јазик во МПЦ е македонскиот и неговото кирилско писмо, а богослужбени се црковнословенскиот и македонскиот јазик. МПЦ се Писмото од Иницијативниот одбор до Президиумот на АСНОМ за организирање самостојна Македонска православна црква (февруари 1945) то писмо и Светото предание, според учењето на Светата православна црква; б) Апостолските правила, правилата на вселенските и помесните собори и на светите отци; в) актите на помесните собори и патријаршиските синоди, доколку ги усвоила; г) пропи-Светиот архиерејски синод при прогласувањето на автокефалноста на МПЦ (17. Ⅶ 1967) сите, уредбите, правилниците, одлуките и другите уставни акти на надлежните црковни власти што се донесуваат врз основа на Устанеа. Во 1974 г. била формирана управува врз ос-Одлуката за прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (17 август 1967)Грбот на МПЦ посебна Австралиска македонска нова на: а) СветоСоборниот храм на МПЦ во Скопје вот. МПЦ е епископална, внатрешно административно е организирана на епархии, и тоа: 1. Скопска православна епархија – Скопје; 2. Преспанско-пелагониска православна епархија – Битола; 3. Брегалничка православна епархија – Штип; 4. Дебарско-кичевска православна епархија – Ох-рид; 5. Полошко-кумановска православна епархија – Скопје; 6. Повардарска православна епархија – Велес; 7. Струмичка православна епархија – Струмица; 8. Американско-канадска македонска православна епархија – Торонто; 9. Македонска православна епархија за Австралија и Нов Зеланд – Мелбурн; 10. Македонска православна епархија за Европа. Архиепископската (централна) управа ја сочинуваат: 1. Законодавни тела (а. Светиот архијерејски синод и б. Архиепископскиот црковнонароден собор); 2. Извршни тела (а. Архиепископскиот соборски управен одбор и б. Архиепископска администрација); 3. Судски органи (Црковно судство и обвинителство). Црковно-просветната дејност се остварува во Македонската православна богословија и на Православниот богословски факултет во Скопје, а издаваштвото е сè побројно во сите епархии. Монашкиот живот е развиен во манастирите низ Македонија. ЛИТ.: Славко Димевски, Историја на Македонската православна црква, Скопје, 1989; Ратомир Грозданоски, Михаил Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 1994; Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000; Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Рат. Гр.