ЛАЗАРОПОЛСКА РЕКА – десна притока на Гарска Река. Извира од јужните падини на планината Бистра, на височина од 1.663 м, а се влева на височина од 715 м. Долга е 8,4 км, има вкупен пад од 948 м и просечен пад од 112,9 ‰. Сливот зафаќа површина од 12,1 км , а средногодишниот протек 3 при вливот е 0,14 м /сец. Во лето суво и безводно, поради губење на водата во песокливо-чакалестиот наносен материјал. Др. В. ЛАЗАРОСКИ, Јаков Гаврилов