ИСМАИЛ, Исмаил (Битола, 2. Ⅲ 1923 – Скопје, 28. Ⅳ 1999) – новинар. Бил директор на основното училиште „Никола Тесла” во Битола, новинар во весникот „Бирлик” и уредник на списанието „Културен живот”. Од доаѓањето во Македонската радио-телевизија бил прв уредник на емисиите на турски јазик (1969-1987). Учествувал во подготовката и уредувањето на програмата на турски јазик на МРТ. Ј. Ф.