ЖЕРАИЌ, Бошко Душанов (Скопје, 21. Ⅵ 1928 – Скопје, 29. Ⅵ 2007) – хирург-трауматолог. По завршувањето на основното училиште и гимназијата (Скопје, 1948, со прекини поради учество во НОБ), завршил Мед. ф. во Белград (1951-1956). Работел и специјализирал хирургија (Хируршка клиника, Белград, 1956-1962). Од 1962 работи во Скопје; бил шеф на Одделот за трауматологија на Хируршката клиника во Скопје. По престоите во Лондон и во Бирминген (1965) ја развива современата трауматологија и се занимава со решавање на проблемите кај параплегичари и кај повредите на ’рбетниот столб. М. шољ.