ДОЗОН, Огист (Лоуис-Аугусте-Хенри Дозон) (1822-1891) – француски книжевен историчар и дипломат, истражувач и преведувач на македонски епски народни песни на француски. Бил конзул во Солун, Јанина, Пловдив и во Бел-град. Посебно внимание им обрнал на јуначките и борбените песни, со осврт на дотогашните собирачи и истражувачи на народното творештво на јужнобалканските простори. Зел учество во спорот околу мистификацијата на „Веда Словена”, во нејзина заштита. БИБ.: Поесиес популаирес сербес, Парис, 1859; Неиздадени б„лгарски народни песни (во оригинал и во француски превод), Софи®, 1877; Л’Éпопéе сербе, Парис, 1888; Албански приказни, 1881. ЛИТ.: А. Стоилов, Поглед в„рху б„лгарски® фолклор от 1861-1878 година, Показалец на печатаните през ⅩⅠⅩ век б„лгарски народни песни, 2, Софи®, 1918, 54-56. С. Мл.