ГРУЈОСКИ, Борис

ГРУЈОСКИ, Борис (Кичево, 9. Ⅱ 1918 – Скопје, 2002) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за економика во шумарството. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1948). Раководел со шумарската служба на СРМ како помошник на министерот, директор на Главната управа и секретар на Секретаријатот за шумарство (1948–1963). Од 1963 г. работел како професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Докторирал на шумарскиот факултет во Белград (1965). Бил декан на шумарскиот факултет во Скопје (1978–1980). Ал. Анд.