ГОРТИНИЈА

ГОРТИНИЈА – град во Македонија, сместен на десниот брег во долниот тек на Аксиј, во областа Амфакситида. Неговото постоење се датира одⅤв. пр.н.е., па сè до Римското Царство. Се спомнува (кај Тукидид) како еден од градовите во Македонија што ги освојува одрискиот владетел Си-талк (429 г. пр.н.е.). ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.