ГОРСКИ ШТАБ НА СРПСКИТЕ ЧЕТИ ВО МАКЕДОНИЈА (1912) – штаб на припадниците на српската четничка организација „Народна одбрана”. Бил формиран пред почетокот на Првата балканска војна. Во војната раководел со Козјачкиот одред и дејствувал на подрачјето на Козјак – Скопска Црна Гора – Крива Паланка, во составот на Првата српска армија. По формирањето на Реонски горски штабови, бил преименуван во Главен штаб за Македонија. Поречкиот горски штаб формирал Поречки одред, а Горскиот штаб за Азот формирал Прекувардарски одред. Вкупната бројна состојба на двата одреда изнесувала ок. 400 луѓе. штабовите биле составени од српски офицери, четници и локални војводи. ИЗВ.: АВИИ, Пописник 2, кут. 10, О.бр. 1568, 24. XI 1912 г. В. Ст.