ГОДИШНИ ГЛАСИЛА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА

ГОДИШНИ ГЛАСИЛА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА – годишници како информативни гласила. Во нив се објавуваат трудови од областа на економската теорија, економската и деловната политика, стопанската практика и од други области на економијата. ќе спомнеме некои од нив: „Статистички годишник на Република Македонија”, што го издава Државниот завод за статистика, почнувајќи од 1954 г., а во кој се објавуваат статистички податоци за разни аспекти на општествениот живот, вклучувајќи го и економскиот живот; „Годишник на Економскиот факултет” – Скопје (1950); „Годишен зборник на Економскиот институт” – Скопје (1972); „Годишник на Економскиот факултет” – Прилеп; „Зборник на трудови на Факултетот за туризам и организациони науки” – Охрид (1981); „Годишник на Државниот завод за индустриска сопственост” (1994); „Годишен извештај на Народната банка на Република Македонија” (1992); „Годишен економски извештај” (Министерство за финансии, 2001), „Годишен земјоделски извештај” (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство) и др. М. С.