ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи (с. Стенско, Костурско, 1924 – Скопје, 1986) – универзитетски професор, економист. Основно и средно образование завршил во Костур, Егејскиот дел на Македонија. Член на Комунистичката младинска организација на Грција од 1941 г. Активно учествувал во борбите против окупаторите на земјата. Се борел во редовите на ЕЛАС, во Егејската бригада на ДАГ (1946-1949). Преку Албанија, емигрирал во СССР (Ⅷ 1949). Положил група испити во Академијата на науките на Узбекистан (1964) и бил примен на аспирантура, која успешно ја завршил (1968). Одбранил дисертација и се стекнал со научно звање кандидат на економски науки, специјалност ‡ политичка економија (1969). Истата година бил избран за виш предавач по предметот политичка економија на Медицинскиот институт во Ташкент. Се вратил во СРМ (1970) и се вработил на Правниот факултет во Скопје. Избран за доцент (1972), а потоа и за вонреден професор по економски науки (1976). Објавил поголем број трудови од областа на економијата и земјоделството. БИБ.: Основи на политичката економија (хрестоматија), Скопје, 1982.ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш.