ВОДОЗЕМЦИ

ВОДОЗЕМЦИ (Ампхибиа) – најпримитивна класа ’рбетници на која $ припаѓаат дождовниците, мрморците (тритоните), жабите и црвовидните безножни водоземци (гимнофиони). Нивна основна карактеристика е што еден дел од својот живот го минуваат во водена, а другиот во терестрична средина (гр. ампхи – два, биос – живот). За разлика од другите ’рбетници, кои во целост се ослободиле од водената средина, кај повеќето водоземци репродукцијата и полагањето на јајцата е поврзано со водената средина. Од оплодените јајца се излегнуваат ларви (кај жабите – полноглавци), кои со процес на метаморфоза (преобразба) ги добиваат карактеристиките на возрасните водоземци. Кожата им е мека и е богата со жлезди, од чиј слузест секрет е постојано влажна, бидејќи има важна улога во респирацијата (дишењето). За разлика од акватичните ларви, кои дишат со жабри, најголемиот број адултни водоземци поседува бели дробови. Сетилните органи кај нив се адаптирани за живот на копно и тие се први ’рбетници кај кои се развива вистински јазик, како посебен орган во усната шуплина. Полноглавците на жабите се хербивори (растителнојадни), додека ларвите на дождовниците како и адултните водоземци се карнивори (месојади). Македонија ја населуваат два реда од водоземците: опашести водоземци (5 видови) и безопашести водоземци – жаби (10 видови). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе, Лондон, 2002; Г. Джукиќ – М. Калезиќ, Тхе биодиверситѕ оф ампхибианс анд рептилес ин тхе Балкан Пенинсула, во: „Балкан Биодиверситѕ”, Гриффитхс, Крѕстуфек – Реед ед., Дордрецхт/Бостон/Лондон, 2004, 167–192; Ј-П. Гасц, А. Цабела, Ј. Црнобрнја-Исаиловиц, Д. Долмен, К. Гроссенбацхер, П. Хаффнер, Ј. Лесцуре, Х. Мартенс, Ј. Мартинез Рица, Х. Маурин, М. Оливеира, Т. Софианидоу, М. Веитх, А. Зуидерњијк, Атлас оф Ампхибианс анд Рептилес ин Еуропе, Парис, 1997; С. Брелих – Г. Джукиќ, Цаталогус Фаунае Југославиае. ИВ/2 Рептилиа, Ацадемиа Сциентиарум ет Артиум Словеница, Лјублјана, 1974. Св. П. – В. Сид