БУЈНОВ, Александар (шумен, 27. Ⅷ 1879 – с. Добриниште, Благоевградско, 27. IX 1924) – деец на ТМОРО/ВМОРО и народен пратеник; Бугарин. Како член на ТМОРО (1903), бил комита во Скопско, член на Серскиот окружен револуционерен комитет (1905), член на ЦК на Народната федеративна партија (1908), избран за пратеник во Османлискиот парламент (1909) и пратеник во бугарското Народно собрание (1923). Бил убиен од приврзаниците на Тодор Александров. ЛИТ.: Е. Књостебеков, Александљр Бујнов,шумен и шуменско, кн. 3, Софиџ, 1971. С. Мл. БУКА 1 (род Фагус Л., фам. Фагацеае) – родот опфаќа 9 (10) листопадни вида дрвја (до 45 м високи), распространети во Северната хемисфера. Имаат право стебло со мазна сива кора и со крупни, вретеновидно зашилени папки. Листовите се прости, јајцевидни и мазни. Цветовите се еднодомни и еднополни, собрани во топчести соцветија врз дршки. Плодовите буклинки се сместени во четириделна купола, обрасната со стипули. На Балканот и во нашата земја, е застапена мезиската бука (Ф. моесиаца Цзецзотт.) како планински вид, чии популации формираат посебен буков регион со три појаси (подгорски, горски и субалпски). Мезофилен вид. Таа претставува најважен дрвен вид за македонското шумарство, но нејзиното значење е уште поголемо од еколошки аспект, бидејќи нејзините екосистеми се долговечни, а нејзините функции се пресудни за заштитата и за квалитетот на човековата околина. Ценет вид во хортикултурата како солитер или како алејно дрво. Ал. Анд. 2