БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ

БАЗИЛИКИ, РАНОХРИСТИЈАНСКИ – епископски, катедрални базилики (регистрирани околу 300) откриени во Скупи, Стоби, Лихнид, Хераклеја итн. Во Стоби се откриени 4 интра мурос и 4 еџстра мурос базилики. Најстара е Старата епископска базилика ( Ⅳ в. н.е.). Во Североисточна Македонија (Средоземна Дакија) кај две еџтра мурос базилики (Бегов Даб и Керамидница); во Виничко Кале (Виница) – 2 интра мурос и 2 еџтра мурос базилики. Во граничните градови – епископии: 1 интра мурос базилика кај с. Крупиште, 1 интра мурос и 1 еџтра мурос кај Бар-гала и 1 интра мурос и 1 еџтра мурос (мартириум со централен план ротонда вградена во правоаголник) во Коњух. Во Југозападна Македонија се откриени 3 интра мурос (две на Плаошник, темели под „Св. Софија”) и 2 еџстра мурос („Св. Еразмо”, Студенчишта), а особено се истакнуваат катедралната црква со централен план Поликонхосот и Големата базилика од доцниотⅤи Ⅵ в. на Плаошник). Во делот од провинцијата Македонија Прва (јужна Пелагонија и Струмичко-Гевгелиско) доминира епископијата Хераклеја Линкестидска кај Битола, со 2 интра мурос и 1 еџстра мурос базилики. ЛИТ.: В. Битракова Грозданова, Старохристијански споменици во Охридско, Охрид, 1975; Б. Алексова, Лоца Санцторум Мацедониае, Скопје, 1997. В. Л.