АГРАРНА РЕФОРМА

АГРАРНА РЕФОРМА – промена во земјишните имотни односи и на имотната структура со интервенција на државата. Една од најзначајните мерки на аграрната политика, затоа што ги решава клучните прашања на аграрната структура. Се јавува во услови на стопанска неразвиеност и аграрна пренаселеност. Со Законот за аграрна реформа и колонизација (1945) се изврши ликвидирање и експропријација на капиталистичките стопанства при што имотот беше ограничен на 35 ха вкупна површина кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Со Законот за земјоделскиот земјиштен фонд (1953) беше ограничен аграрниот максимум на 10 ха кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Земјишниот максимум е укинат во 1988 г. Др. Ѓош.