ЏИМРЕВСКИ, Боривое Тодоров (Куманово, 27. Ⅳ 1940) – етномузиколог, етноорганолог. Дипломирал на Музичката академија во Белград (1967). Еден период работел во Радио Скопје (1967–1974). Потоа се вработил (1974) во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ како асистент-истражувач на народните музички инструменти и инструменталната народна музика. Докторирал (1992) со темата „Гајдата во Македонија, инструмент – инструменталист – музика“. Напишал над 40 стручни трудови со кои учествувал на повеќе меѓународни конгреси и симпозиуми. Извршил обемни теренски истражувања што резултирале со над 4.000 снимени записи, 1.678 мелографии, 1.265 оригинални фотографии. Објавил неколку книги. Раководител е на монографскиот проект „Фолклорот во Куманово и Кумановско“ (2000). Дал значаен придонес во организирањето на повеќе фолклорни фестивали, смотри, семинари и предавања. ДЕЛ: Чалгиската традиција во Македонија (Скопје, 1985); Гајдата во Македонија (Скопје, 1996); шупелката во Македонија (Скопје, 2000); Градската инструментална музичка традиција во Македонија (Скопје, 2005). М. Кол. ЏИНЛЕСКИ, Борислав Ѓорѓиев