ЈОВАНОВСКИ, Мето

ЈОВАНОВСКИ, Мето (Брајчино, Ресенско, 18. Ⅹ 1928) – раскажувач, романсиер, преведувач (О. Вајлд, Џек Лондон, Горки). Завршил учителска школа во Скопје. Работел како новинар во весникот „Нова Македонија”, потоа како уредник на Филмската редакција при МРТ. Бил претседател на Хелсиншкиот комитет во Македонија. БИБ.: Јадреш, раскази, Ск., 1952; Љуман арамијата, роман за деца, Ск., 1952; Мени на мојата месечина, раскази, Ск., 1956; Лов на пеперутки, роман, Ск., 1957; Слана во цутот на бадемите, роман, Ск., 1967; Будалетинки, роман, Ск., 1976; Орловата долина, роман, Ск., 1984; Роман за љубопитните, Ск., 2003. П. Гил. Мето Јовановски