ЏАМИЈА НА ХАЏИ ДУРГУТ

ЏАМИЈА НА ХАЏИ ДУРГУТ (ТУРГУТ) (Охрид, 1466) – верски активен објект. Изградена е врз темелите на црквата Св. Недела. Има квадратната основа со димензии 6,50 х 6,50 м. Реставрирана 1980 г. Позната е под името Крст џамија (на врвот од минарето има крст). ЛИТ.: Охрид и Охридско низ историјата, кн. втора, Скопје, 1978; Фехим Бајрактаревиќ, Турски споменици у Охриду, „Прилози за оријенталну филологију“, В, 1954–55, Сарајево, 1955. Др. Ѓ. ЏАМИЈА НА ХАЏИ ХАМЗА