ЉУБОЈНО , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

ЉУБОЈНО“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, Мичиген, САД, 1992 –) – друштво на македонски доселеници од Љубојно (Преспанско). Особено активно во помагање на своето село во Македонија, за одржување на верските и комуналните објекти. Организира годишна Мајска средба на љубојнчани од Детроит, Виндзор и од други делови на САД. Сл. Н.-К. Дел од членовите на Иселеничкото друштво „Љубојно” на Свечен собир во црквата „Св. Богородица” во Детроит.