ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков

ЦАЦА, Ѓорѓи Јанков (Битола, 15. Ⅸ 1920 – Скопје, 14. Х 2006) – правник, државник, универзитетски професор. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Белград, каде што ја одбранил и докторската теза „Уставноста и законитоста во СФРЈ и улогата на уставните судови во нивната заштита“ (1973). Бил професор по Уставно право на Правниот факултет во Битола (1980–1988). Избран за член на Извршниот совет на СРМ (1971– 1974), за секретар за правосудство на Македонија (1978–1982), за претседател на Правниот совет на СФРЈ (1981–1985) и за судија на Уставниот суд на СРМ (1983– 1990). Објавил поголем број научни трудови во областа на уставното право и за политичкиот систем. БИБ.: Тхе Цонститутионал Девелопмент оф тхе СР оф Мацедониа, Скопје, 1980. ЛИТ.: Македонија од АСНОМ до денес, Скопје, 2005. Св. ш.