ТЕТОВО

ТЕТОВО – град во северозападниот дел на Република Македонијасо 52.915 ж. (2002 г.). Се простира во Долни Полог, на допирот на Полошката Рамнина и југоисточните падини на шар Планина, од двете страни на р. Пена на надморска висина помеѓу 470 и 540 м. Зафаќа површина од 1.120 ха. Со соседните градови Скопје и Гостивар е поврзан со автопат и со железничка линија. Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 11,0°Ц, и просечна годишна количина на врнежите од 470 мм. Првпат се споменува под името Хтетово во ⅩⅤⅠⅠⅠ в., кога во него постоел богатиот манастир „Св. Богородица“, во чијашто чест се одржувал голем панаѓур. Во турско време е именуван како Калканделе. Во ⅩⅤⅠ и ⅩⅤⅠⅠ в. Тетово е седиште на полошкиот владика, што значи дека имало развиена црковна функција. Во втората половина на ⅩⅠⅩ в. во градот брзо се развиле занаетчиството и трговијата, а пријатната клима овозможила турските бегови во него да изградат повеќе сараи. Во почетокот на ХХ в. Т. имало 19.200 ж. Во периодот меѓу двете светски војни тој број се намалува, така што во 1931 г. Тетово има 16.359 ж. Сепак, градот популациски и стопански најмногу напреднал од 1950 г. наваму. Неговото население од 20.209 ж. (во 1953) се наголемува на 52.915 ж. (2002). Од нив поголемиот дел (28.897) се Албанци, 18.555 се Македоци, потоа следат Ромите со 2.352, па Турците со 1.878, Србите со 587, Бошњаците со 156 и Власите со 13 жители. Тетово денес е седиште на општина што зафаќа површина од 26.189 ха, има 20 населени места со 86.580 ж. Градот претставува управен, стопански, културно-просветен и здравствен центар на Полог. Во него е присутна доста развиена текстилна индустрија и електрометалургија, потоа индустрија за неметали, дрвна и прехранбена индустрија. Има гимназија, средно медицинско училиште, два универзитета, дом на културата, историски архив, Музеј на тетовскиот крај, медицински центар и др. Во Тетово се одржува фестивалот „Тетовски хорски одзиви“ и Меѓународна средба плиоценски седименти и вулкани-Центарот на Тетово ти. Седиментите во миоценот се на книжевните преведувачи. Одовде потекнува бронзената фигура Менада (од архајскиот период) во градот е црквата „Св. Кирил и Методиј“ со галерија на икони. Меѓу исламските споменици се истакнуваат шарената џамија и Арабати баба теќе, кое припаѓа на дервишката секта Бектеши. На 19. Ⅲ 1943 г. во Т. е формирана КПМ и во спомен на тој настан е основан Меморијален музеј. Во с. Лешок се наоѓа Лешочкиот манастир со две цркви: „Св. Атанасија“, каде што е гробот на Кирил Пејчиновиќ и „Св. Богородица“. ЛИТ.: Јован Ф. Трифуноски, Град Тетово, „Географски преглед“, 4 и 5, Софи®, 1948; Митко Панов, Популациски развиток на градовите во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 5, Скопје, 1967; Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002, кн. Џ, ДСЗ, Скопје, 2004. Ал. Ст.