СААТ-КУЛА

СААТ-КУЛА (Прилеп, 1825/1826) – споменик на културата. Подигната од војводата Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Ја изградил познатиот прилепски ѕидар Перо Лауц. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 г., а во меѓувреме бил поставен часовник (1858/18). Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. ЛИТ.: Хаккý Ацун, Македонѕа, Манастýр бöлгеси (Манастýр, Охри, Пирлепе) саат кулелери, Ататüрк ве Манастýр семпозѕуму, Манастýр, 12–13 Еким, 1998. Билдирилер, Анкара, 1999, 320–332; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлý Мимарý Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, Ýстанбул, 1981. Др. Ѓ. С