НАЃ, Ласло

НАЃ, Ласло (Ласзло Нагѕ) (Исказ, Унгарија, 17. Ⅶ 1925 – Будим, 30. И 1978) – носител на новиот творечки израз во современата унгарска поезија. Добитник е на највисоките унгарски награди. Во 1969 г. врз основа на буквални преводи препеал и стихови од неколку македонски автори за Антологијата на македонската поезија, објавена во Будимпешта. Во 1968 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Исчезни, болко,1949; Топчијата и ‘ржта, 1951; Свршеница на сонцето, 1954; Бисерот на неделата, 1965; Мајска слана, 1957; Химна на секое време, 1965; Крадец си во песна што се крие, 1973; Камбаните доаѓаат по мене, 1978. ЛИТ.: П. Гилевски, Крадец во песна што се крие, Ск., 1970. П. Гил.