ИВАН Ⅱ Асен

ИВАН Ⅱ Асен (?–1241) – бугарски цар (1218–1241), владетел на Второто Бугарско Царство, најистакнат претставник на фамилијата Асеновци. Водел политика на лавирање меѓу Латинското Царство, епирската држава и Римската курија. По победата над војската на солунскиот цар Теодор Ⅰ Ангел во битката кај Клокотница (1230) завладеал територии од Црното до Егејското и Јадранското Море. Под негова власт паднала и Македонија (освен Солун со околината). Ја издигнал бугарската црква во ранг на патријаршија (1235). Војувал против Латинското Царство и против Никејците. Во негово време Бугарија станала најсилна држава на Балканот. Фреска на бугарскиот цар Иван Асен Ⅱ, Соборен храм „Зограф”, Света Гора (1817) ЛИТ.: И. Дуйчев, Цар Иван Асен Ⅱ, София, 1941; И. Божилов, Фамилията на Асеневци, София, 1985. К. Аџ. ИВАН од Кичево – градител на црквата „Св. Атанасиј” во Рилево (1627), Прилепско. Се спомнува во ктиторскиот натпис, како ,,мајстор Иван од Кичева”. Соработувал со сликарот Јон од Линотопи. ЛИТ.: М. КокиÊ, Записи и натписи, Зборник за историју Јужне Србије и суседних области, И, Скопље, 1936, 271. М. М.