ИБРАИМИ, Јашар

ИБРАИМИ, Јашар (7. Ⅶ 1919) – политичар. Бил учесник во НОБ (од 1942) како заднински активист. По Ослободувањето бил секретар на МК на КПМ во Дебар, претседател на Градскиот народен одбор во Дебар, секретар на Обласниот народен одбор во Гостивар, организационен секретар на Околискиот комитет на КПМ во Дебар, претседател на Околискиот народен одбор и потпретседател на Околискиот народен одбор во Охрид, како и претседател на Околискиот одбор на СЗБНОВ во Охрид. Подоцна станал член на Ревизионата комисија на СКМ, член на ЦК на СКМ и член на Контролната комисија на СКМ. Во повеќе мандати бил и пратеник во Собранието на СРМ и во Собранието на СФРЈ. С. Мл. Аки Ибраимовски