ЌАМИЛОВ, Кирил

ЌАМИЛОВ, Кирил (Велес, 22. Ⅱ 1899 – Скопје, 9. Ⅸ 1976) – универзитетски професор, филозоф, фолклорист, револуционер. Студирал на универзитетот Сорбона во Париз (1924) и докторирал на темата „Прилог кон проучувањето на детето. Современи теории и методи“ на Универзитетот во Нанси (1936). Учесник во шпан-Кирил ќамилов ската граѓанска војна (1937–1938), потоа и во НОБ во Македонија. Бил доцент на Филозофскиот факултет (1947–1953) по Историја на педагогијата и научен соработник во Институтот за фолклор во Скопје до пензионирањето (1968). Автор на голем број стручно-научни трудови, со посебен интерес за делото на Гр. Прличев и народното творештво. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век). Редактор д-р Александар Стојановски, Скопје, 1998; Љубиша Стојановиќ, Македонски и француско-франкофонски творечки личности, Ск., 2005. В. Тоц.