РАБОТНИЧКИ

РАБОТНИЧКИ“ (Скопје, 1946) – кошаркарски клуб. Меѓу првите членови на екипата биле: Драгољуб Лазиќ, Славко Матовски, Перо Христовски, Драган Луковски, Душко Стојановски, Ико ќовкаров, Трајан Ивановски, Александар Попов, Михаил Лазаревиќ, Војче Димитровски, Борис Анастасов. Бил републички првак 15 пати (до 1990). Се натпреварувал во Втората (1953 и 1954) и во Првата сојузна лига во 19 сезони (1965–1991). Играл во финалето на Југословенскиот куп (1976 и 1983). „Годел Работнички“ е повеќепатен државен првак и освојувач на Купот (1992–2006). Истакнати рапрезентативци на Југославија биле: Благоја Георгиевски, Владимир Боцевски, Драган Радосавлевиќ, Стерули Андоновски, Стефан Гешовски и др. Тренери: Стефан (Цефи) Тодоровски, Лазар Лечиќ, Александар Књазев и др. ЛИТ.: 35 години кошарка во Скопје, 1945–1980, Скопје, 1980; Славчо Трошановски, 50 години време на постоење, Скопје, 1996. Д. С.