ДАБ

ДАБ . (Љуерцус Л., фам. Фагацеае) – родот опфаќа околу 300 вида, распространети во северната хемисфера. Листопадни или трајно зелени дрвја или грмушки, со широко разгранети круни, со прости листови, варијабилни по форма. Еднодомни со еднополни цветови. Плодовите се желади, обвиени со чашковидна капа (купола), зреат во првата или во втората година. Кај нас се среќаваат: а) благун (крастун) (Љ. пубесценс Њиллд.) – листопаден даб од јужна Европа. Дрво високо до 20 м, со обратно јајцести листови, длабоко или плитко засечени (лаповити), кожести, влакнести. Желадите зреат во првата година наесен, ситни и варијабилни. Во Република Македонијаима општа застапеност во најнискиот и најтопол дел од дабовиот појас; б) горун (мазника, црнок) (Љ. петраеа Лиебл.) – листопаден даб со европски ареал. Дрво до 40 м високо, со елипсести листови, голи, плитко лаповити, со клинеста основа и со долга дршка. Желадите зреат во првата година, се одликуваат со плитка купола. Има многу квалитетно дрво. Ридско-планински даб, кој во нашите планини го гради повисокиот дел од дабовиот шумски појас; Д в) македонски даб (крастечки цер, острогун, клецер, црн цер) (Љ. мацедоница А.ДЦ.) – илирски субендемит (од Апулија – Италија, југозападниот дел на Балканскиот Полуостров и од Мала Азија). Дрво од средна големина, со темнозелени кожести листови, елипсовидни, плитко но остро назабени. Желадот е крупен, созрева во втората година. Изразито сушоотпорен вид, кај нас е застапен на суви, претежно карбонатни станишта; г) плоскач (благун, лопув, палауш) (Љ. фарнетто Тен., Љ. цонферта Кит.) – ареалот му е во југоисточна Европа. Има многу крупни листови (до 20 цм), обратно јајцести, двојно лаповити. Желадот созрева првата година, не е горчлив (благун). Топлољубив и светлољубив вид, успева на подлабоки почви. Во нашата земја, заедно со церот, формира шумски заедници во понискиот дел од дабовиот појас; д) прнар (острика) (Љ. цоццифера Л.) – медитерански зимзелен вид. Ма-ло дрво или грмушка, со ситни, овални, кожести и остро назабени листови. Желадите се крупни, созреваат втората година. Кај нас, јужно од Демир Капија, гради густи, непроодни, деградирани формации, познати како псевдомакија; ѓ) цер (Љ. церрис Л.) – јужноевропски, листопаден вид. Големо дрво со издолжени, елипсовидни листови, темнозелени, крупно и неправилно назабени. Желадите се крупни, созреваат во втората година. Кај нас има општа застапеност. Ал. Анд.