ЏУНДЕВА, Љупка

ЏУНДЕВА, Љупка (Скопје, 11. Ⅶ 1934) – драмска и филмска актерка. Завршила Државна театарска школа и станала член на Драмата на МНТ од 1951 г., каде што останала с“ до пензионирањето (1990). Успешно реализирала и монодрами. УЛОГ: Анка („Г-ѓа министерка“), Ана („Ревизор“), Евдокија („Време за пеење“), Ирина („Матурска вечер“), Коломба („Валпоне“), Кате („Антица“), Наталија („Три сестри“), Павлина („Потоп“), Регана („Крал Лир“), Свршеничката („Крвави свадби“), Симка („Печалбари“) и др. НА ФИЛМ: „Фросина“, „Мирно лето“, „Македонска крвава свадба“ и др. Р. Ст.