ЦВЕТКОСКИ, Бранко

ЦВЕТКОСКИ, Бранко (с. Слатино, Охридско, 21. Ⅵ 1954) – поет, литературен критичар, есеист, преведувач, новинар, издавач. Повеќе години ја водел културната рубрика на в. „Нова Македонија“. Бил главен уредник во издавачката куќа „Култура“, редактор на литературното списание „Стремеж“ од Прилеп, директор-сопственик на издавачката куќа „Макавеј“ во Скопје. БИБ.: Свиок, поезија, 1981; Високи ветрови, поезија, 1985; Пластови и глас, критики, 1989; Пресна пепел, поезија, 1990; Возбудени македонски дијалози, интервјуа, 1990; Подарена сол, избрана поезија, 1991; Обетки од ѕвезди, поезија за деца, 1991; Дела и доблести, критики и есеи, 1992; Молитвен веј, поезија, 1993; Критички загледувања, критики и есеи, 1996; Повисоко од животот, критики и есеи, 1997; Синори, поезија, 1998; Ек и одек, критики и есеи, 1999; Името, Родот, Имотот, поема, 2000; Скрб, поезија, 2002; Имиња и теми, критики, 2003. Г. Т.