ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

„ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Медисон, Илиноис, САД, 1906 – ?) – друштво на Македонци доселеници по потекло од с. Д’мбени (Костурско), Егејскиот дел на Македонија. Друштвото организационо се проширило во Хајмонд (Индијана), со свое одделно седиште, а потоа и во Канада. Сл. Н.-К. Адам Лазаревиќ ЛАЗАРЕВИЌ, Адам (с. Жабари, Србија, 1900 – Белград, 1970) – универзитетски професор, правник. Гимназија завршил во Ним, Франција, а Правен факултет во Белград (1923), каде што ја одбранил и докторската дисертација на тема „За државната интервенција во семејните односи” (1926). На истиот факултет бил избран за хонорарен наставник по предметот Граѓанско право (1933) и за вонреден професор по предметот Граѓанска судска постапка (1939). За редовен професор по предметите Граѓанско право и Граѓанска судска постапка бил избран на Правниот отсек на Правно-економскиот факултет во Скопје (1951), а подоцна го предавал и предметот Граѓанска судска постапка сћ до одењето во пензија (1968). Двапати бил декан на Правниот факултет во Скопје (1955/56 и 1958/59). Објавил голем број учебници и научни трудови од областа на граѓанското и трговското право. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 19951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш.