ДЕМЕТРИЈ Ⅰ Полиоркет

ДЕМЕТРИЈ Ⅰ Полиоркет (294– 287 г. пр.н.е.) – македонски крал, најмлад меѓу дијадосите, вешт војсководец. Син на Антигон Ⅰ Едноокиот и на Стратоника. Активно му помага на својот татко во борбите со другите дијадоси. По смртта на Александар учествува во воени походи во: Хелада, Палестина, Кипар, Хелеспонт и кај Бабилон. Ја освојува Атина (307), ја поразува флотата на египетскиот крал Птолемај Ⅰ Сотер (306 г.); со извонредна вештина за опсади (поради што го добива прекарот Опсадувач) го освојува Родос (305–304). Во 294 г. пр.н.е. е прогласен за крал на Македонија, владее и со: Тесалија, Бојотија, Локрида, Фокида (без Делфи), го-Демир Капија лем дел од Пелопонез, Кикладскиот сојуз, Пиреј, Коринт и со други градови. Во 287 г. ја губи власта, бега во заточеништво на Селевк во Сев. Сирија. Се одликува со исклучителна убавина, храброст, незаузданост и властољубивост (Плутарх). ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук. Демиркаписката Клисура